Северна Македонија
Open Budget Survey Results
Учество на јавноста
0
Надзор над Буџетот
54
Транспарентност
41
Истражување Oтворени Буџети 2019
Одлуките на националниот Буџет - какви даноци да се наплаќаат, какви услуги да се обезбедат и колкав долг да се преземе - влијаат на тоа колку е рамноправно општеството и благосостојбата на граѓаните, вклучително и дали тие кои се во најнеповолна позиција ќе имаат реални можности за подобар живот. Клучно е владите да ја информираат и вклучат јавноста за овие витални одлуки кои влијаат врз нивните животи.
Анкетата за Oтворен Bуџет (Open Budget Survey- OBS) е единствениот независен, компаративен и врз основа на факти базиран инструмент за истражување кој користи меѓународно прифатени критериуми за проценка на пристапот на јавноста до информациите за Буџетот на централната власт; формални можности јавноста да учествува во процесот на донесување на националниот буџет; и улогата на институциите во надзорот на Буџетот, како што е законодавната власт и ревизијата на буџетскиот процес.
Истражувањето му помага на граѓанско општество да направи проценка и да ја советува Владата за во врска со известувањето кон јавноста и со употребата на јавни средства. Ова седмо издание на OBS опфаќа 117 земји.
Country Specific Assessments
Овој дел од OBS го мери пристапот на јавноста до информации за тоа како централната власт ги собира и троши јавните ресурси. Тој ја проценува достапноста на интернет, навременоста и сеопфатноста на осум клучни буџетски документи со употреба на 109 еднакво пондерирани индикатори и ја оценува секоја земја на скала од 0 до 100. Резултатот за транспарентност од 61 или погоре укажува дека една земја веројатно објавува доволно материјал за поддршка на информирана јавна расправа за Буџетот.
Транспарентноста на С. Македонија споредена со другите земји
Како се менуваше транспарентноста на С. Македонија со текот на времето?
Јавна достапност на буџетските документи во С. Македонија
Документ | 2010 | 2012 | 2015 | 2017 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|
Предбуџетска изјава | |||||
Предлог буџет | |||||
Усвоен буџет | |||||
Граѓански буџет | |||||
Месечни извештаи | |||||
Полугодишен извештај | |||||
Завршна сметка | |||||
Ревизорски извештај |
Колку е целосна содржината на клучните буџетски документи кои се објавуваат во С. Македонија?
Клучни буџетски документи | Цел и содржина на документот | Фискална година која се оценува | Резултат за содржина на документ |
---|---|---|---|
Предбуџетска изјава | Ги обелоденува широките параметри на фискалната политика пред Предлог буџетот; дава преглед на економската прогноза на Владата, предвидените приходи, расходи и долгови. | 2019 | 72 |
Предлог буџет | Доставено од извршната власт до законодавниот дом за одобрување; детално ги прикажува изворите на приход, алокацијата за министерствата, предложените измени на политиките и други информации важни за подобро разбирање на фискалната состојба на земјата. | 2019 | 32 |
Усвоен буџет | Буџетот одобрен од законодавниот дом. | 2019 | 89 |
Граѓански буџет | Поедноставена и помалку техничка верзија на Предлог буџетот или Усвоениот буџет, дизајниран да ги пренесе клучните информации до јавноста. | 2019 | 42 |
Месечни извештаи | Вклучува информации за собраните приходи, реалните расходи и направениот долг во различни интервали; се издаваат квартално или месечно. | 2018 | 44 |
Полугодишен извештај | Сеопфатно ажурирање за спроведувањето на Буџетот заклучно со средината на фискалната година; вклучува преглед на економски претпоставки и ажурирана прогноза на исходите од Буџетот. | 2018 | Не е изготвен |
Завршна сметка | Ја опишува состојбата со сметките на Владата на крајот на фискалната година и, идеално, проценка на напредокот во постигнувањето на целите на буџетската политика. | 2017 | 55 |
Ревизорски извештај | Издаден од врховната ревизорска институција, овој документ ја испитува здравоста и комплетноста на Завршната сметка. | 2017 | 62 |
Резултатот за транспарентност на Македонија од 41 во OBS 2019 е близу до резултат во 2017 година.
Што се смени во OBS 2019?
С.Македонија ја зголеми достапноста на буџетските информации преку:
Препораки
С.Македонија треба да ги даде приоритет на следниве активности за подобрување на буџетската транспарентност:
Транспарентноста сама за себе не е доволна за подобрување на доброто владеење. Учеството на јавноста во буџетирањето е витално за постигнување на позитивни резултати кои се поврзани со повисока буџетска транспарентност.
OBS, исто така, ги проценува формалните можности понудени на јавноста за значајно учество во различни фази на буџетскиот процес. Ги испитува практиките на извршната власт, законодавниот дом и врховната институција за ревизија (ДЗР) со употреба на 18 еднакви пондерирани индикатори, усогласени со Глобалната иницијатива за Принципите на фискална транспарентност на учество на јавноста во фискалните политики и ја оценува секоја земја на скала од 0 до 100.
http://www.fiscaltransparency.net/pp_principles/
С. Македонија има оценка 0 (од 100) за учество на јавноста.
Учеството на јавноста во С.Македонија во споредба со другите земји
За повеќе информации, за иновативни практики на учество на јавноста ширум светот погледнете овде:
http://guide.fiscaltransparency.net/case-study/
Опсег на можности за учество на јавноста во буџетски процес
(извршна власт)
(законодавна власт)
(извршна власт)
(врховна ревизорска институција)
Препораки
За понатамошно зајакнување на учеството на јавноста во буџетскиот процес, Министерството за финансии на Република С.Македонија треба да ги даде приоритет на следниве активности:
Собранието на Република С. Македонија треба да даде приоритет на следниве активности:
Државниот завод за ревизија на Република С. Македонија треба да даде приоритет на следниве активности за подобрување на учеството на јавноста во буџетскиот процес:
OBS исто така ја испитува улогата која законодавството и врховните институции за ревизија (ДЗР) ја имаат во буџетскиот процес и степенот до кој тие обезбедуваат надзор; секоја земја се оценува на скала од 0 до 100 врз основа на 18 еднакво пондерирани индикатори. Покрај тоа, истражувањето собира дополнителни информации за независни фискални институции (види во прозорецот подолу).
Законодавната власт и врховната ревизорска институција во С. Македонија, заедно, обезбедуваат ограничен надзор за време на буџетскиот процес, со средна оцена на надзорот -54 (од 100). Разгледувано индивидуално, обемот на надзорот на секоја институција е прикажан подолу:
Надзор на законодавната власт
Надзор на ревизорската институција
Препораки
Собранието обезбедува ограничен надзор во текот на фазата на планирање на буџетскиот циклус и слаб надзор во текот на фазата на спроведување. За подобрување на надзорот, треба да се даде приоритет на следниве активности:
За зајакнување на независноста и подобрување на надзорот од страна на Државниот завод за ревизија, се препорачуваат следниве активности:
Новите практики за воспоставување независни
фискални институции
Македонија нема независна фискална институција. Таков тип на институции се повеќе се препознаваат како вредни независни и непартиски даватели на информации до извршната и законодавната власт за време на буџетскиот процес.
*Овие индикатори *не* се оценуваат во Анкетата за отворен буџет
Методологија
- Само објавените документи, настани и активности кои се објавени и одржани до 31 декември 2018 година се оценувани во OBS 2019.
- Истражувањето се заснова на прашалник пополнет во секоја земја од независен експерт за буџет:
Марјан Николов
Центар за економски анализи (ЦЕА)
Бул. Јане Сандански 63/3 1000 Скопје, Северна Македонија
[email protected]
- За понатамошно зајакнување на квалитетот на истражувањето, нацрт-прашалникот на секоја земја се разгледува и од анонимен независен експерт, а во С. Македонија од претставник на Министерството за финансии.