Country Results  | Види ја оваа страница во:

Северна Македонија

Кои земји водат во буџетската одговорност? На кои им треба подобрување? Истражете ги нашите податоци и препораки за секоја од 125-те оценети земји.
Open Budget Survey Results

Учество на јавноста

7

Надзор над Буџетот

54

Транспарентност

35

Истражување Oтворени Буџети 2023

Одлуките за националниот Буџет - какви даноци да се наплаќаат, какви јавни услуги да се обезбедат и колкав долг да се превземе - влијаат на благосостојбата на граѓаните. Клучно е владите да ја информираат и вклучат јавноста за овие витални одлуки кои влијаат врз нивните животи и на тој начин да се осигура трошењето на јавни средства да биде во име на јавниот интерес.

Read more

 

Анкетата за Oтворен Bуџет (Open Budget Survey- OBS) е единствениот независен, компаративен и врз основа на факти базиран инструмент за истражување кој користи меѓународно прифатени критериуми за проценка на пристапот на јавноста до информациите за Буџетот на централната власт; формални можности јавноста да учествува во процесот на донесување на националниот буџет; и улогата на институциите во надзорот на Буџетот, како што е законодавната власт и ревизијата на буџетскиот процес.

Истражувањето му помага на граѓанско општество да направи проценка и да ја советува Владата во врска со известувањето кон јавноста и за употребата на јавните средства. Ова деветто издание на OBS опфаќа 125 земји.

Summary
Country Specific Assessments
Резиме за земјата MK
pdf, 285.2 KB
35 /100

Овој дел од OBS го мери пристапот на јавноста до информации за тоа како централната власт ги собира и троши јавните ресурси. Тој ја проценува достапноста на интернет, навременоста и сеопфатноста на осум клучни
буџетски документи со употреба на 109 еднакво пондерирани индикатори и ја оценува секоја земја на скала од 0 до 100. Резултатот за транспарентност од 61
или погоре укажува дека една земја веројатно објавува доволно материјал за поддршка на информирана јавна расправа за Буџетот.

Транспарентноста на Северна Македонија споредена со другите земји

Глобален просек
45
Bulgaria
79
Croatia
67
Slovenia
64
Albania
57
Serbia
51
Montenegro
48
Северна Македонија
35
Bosnia and Herzegovina
27
0
Недоволно
61
Доволно
100

Ранг на Северна Македонија: 80 од 120 земји

0
100

Како се менуваше транспарентноста на Северна Македонија со текот на времето?

35
2012
35
2015
37
2017
41
2019
36
2021
35
2023
0
Недоволно
61
Доволно
100

Јавна достапност на буџетските документи во Северна Македонија

Key
Јавно достапен
Објавен доцна, или не е јавно достапен или е изготвен за интерна употреба
Не е изготвен
Scroll
Документ 2012 2015 2017 2019 2021 2023
Предбуџетска изјава
Предлог буџет
Усвоен буџет
Граѓански буџет
Месечни извештаи
Полугодишен извештај
Завршна сметка
Ревизорски извештај

Колку е целосна содржината на клучните буџетски документи кои се објавуваат во Северна Македонија?

Key
61-100 / 100
41-60 / 100
1-40 / 100
Scroll
Клучни буџетски документи Цел и содржина на документот Фискална година која се оценува Резултат за содржина на документ
Пред- буџетска изјава Ги обелоденува широките параметри на фискалната политика пред Предлог буџетот; дава преглед на економската прогноза на Владата, предвидените приходи, расходи и долгови. 2023 За внатрешни потреби
Предлог буџет Доставено од извршната власт до законодавниот дом за одобрување; детално ги прикажува изворите на приход, алокацијата за министерствата, предложените измени на политиките и други информации важни за подобро разбирање на фискалната состојба на земјата. 2023 32
Усвоен буџет Буџетот одобрен од законодавниот дом. 2023 95
Граѓански буџет Поедноставена и помалку техничка верзија на Предлог буџетот или Усвоениот буџет, дизајниран да ги пренесе клучните информации до јавноста. 2023 Not Produced
Месечни извештаи Вклучува информации за собраните приходи, реалните расходи и направениот долг во различни интервали; се издаваат квартално или месечно. 2022 41
Полу- годишен извештај Сеопфатно ажурирање за спроведувањето на Буџетот заклучно со средината на фискалната година; вклучува преглед на економски претпоставки и ажурирана прогноза на исходите од Буџетот. 2022 Не е изготвен
Завршна сметка Ја опишува состојбата со сметките на Владата на крајот на фискалната година и, идеално, проценка на напредокот во постигнувањето на целите на буџетската политика. 2021 52
Ревизорски извештај Издаден од врховната ревизорска институција, овој документ ја испитува здравоста и комплетноста на Завршната сметка. 2021 62

Резултатот за транспарентност на Северна Македонија од 35 во OBS 2023 е близу до резултат во 2021 година.

Што се смени во OBS 2023?

Северна Македонија ја намали достапноста на буџетските информации преку:

Неуспехот да се произведе Граѓанскиот буџет.
Неуспех во подготвување на пред-буџетска изјава.

Препораки

Северна Македонија треба да даде приоритет на следниве активности за подобрување на буџетската транспарентност:

Навремено изготвување и објавување на полугодишниот извештај на интернет. Овој извештај треба да обезбеди ажурирани макроекономски проценки, ажурирање на очекуваните расходи, приходи и долг, земајќи ги во предвид досегашните остварувања и да се ревидирааат проекциите за целата фискална година.
Подготвување и објавување на фискалната стратегија најмалку еден месец пред предлог-буџетот на извршната власт и да биде доставена на разгледување до законодавниот дом. Овој документ мора да ги содржи макроекономските проекции врз кои ќе се заснова буџетот; приходните и расходните политики и приоритети за претстојниот буџет; и повеќегодишни проекции на приходите и расходите.
Вклучување во Предлогот за буџет на извршната власт на податоци кои детално ја прикажуваат финансиската состојба на владата и расходите за да се илустрира финансиското влијание на политиките врз различни групи граѓани. За понатамошно подобрување на сеопфатноста, вклучување на повеќегодишни проекции за расходите (најмалку две години без буџетската година) во сите три буџетски класификации, како и повеќегодишни проекции на приходите категоризирани по извори и категории. Дополнително, обезбедување на податоци за расходите за Т-2 во сите буџетски класификации, заедно со проценките на приходите.
Продолување на практиката на објавување на Граѓански буџет усогласен со меѓународните најдобри практики.
Во завршната сметка вклучување на споредба помеѓу планираното и реализираното задолжување, за планираните и реализираните нефинансиски резултати и за планираните и реализираните макроекономски податоци.
Подобрување на сеопфатноста на месечните извештаи со вклучување на податоците за расходи и приходи до датумот на објавување, споредувајќи ги или со првичната проекција за тој период или со истиот период од претходната година.
7 /100

OBS, исто така, ги проценува формалните можности понудени на јавноста за значајно учество во различни фази на буџетскиот процес. Ги испитува практиките на извршната власт, законодавниот дом и врховната
институција за ревизија (ДЗР) со употреба на 18 еднакви пондерирани индикатори, усогласени со Глобалната иницијатива за Принципите на фискална транспарентност на учество на јавноста во фискалните политики и ја оценува секоја земја на скала од 0 до 100. https:// fiscaltransparency.net/public-participation-principles-and-guide/ 

Северна Македонија има оценка (од 100) за учество на јавноста.

Учеството на јавноста во Северна Македонија во споредба со другите земји

Глобален просек
15
Bulgaria
26
Croatia
17
Montenegro
13
Albania
9
Slovenia
9
Северна Македонија
7
Bosnia and Herzegovina
7
Serbia
2
0
Недоволно
61
Доволно
100

За повеќе информации, за иновативни практики на учество на јавноста ширум светот погледнете овде: https://fiscaltransparency.net/casestudies/

Опсег на можности за учество на јавноста во буџетски процес

0
/100
Формулирање
(извршна власт)
0
/100
Усвојување
(законодавна власт)
0
/100
Извршување
(извршна власт)
44
/100
Ревизија
(врховна ревизорска институција)
Key
0-40: неколку
41-60: адекватен
61-100: адекватен

Препораки

За понатамошно зајакнување на учеството на јавноста во буџетскиотпроцес, Министерството за финансии на Република Северна Македонија треба да даде приоритет на следниве активности:

Пилот механизми за ангажирање на јавноста за време на формулирањето на буџетот и за следење на извршување на буџетот. Да се обезбеди транспарентност преку обезбедување на јасни информации за временските рокови, форматите, каналите за повратни информации и влијанието на вклученоста на јавноста врз донесувањето одлуки.
Да се обезбеди активно вклучување на ранливите и недоволно застапените групи, директно или преку граѓанските организации што ги претставуваат.

Собранието на Република Северна Македонија треба да даде приоритет на следниве активности:

Овозможување на членовите на јавните институци или граѓанските организации да сведочат за време на неговите расправи за Предлогот буџетот пред неговото изгласување.
Овозможување на членовите на јавните институции или граѓанските организации да сведочат за време на расправите по Ревизорските извештаи.

Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија има воспоставено механизми за јавноста да може да учествува во подготовката на годишната програма преку доставување на предлози за ревизија.

Би можело да се воспостават и формални механизми за јавноста да придонесе за релевантни ревизорски истраги.
54 /100

OBS исто така ја испитува улогата која Законодавниот дом и врховните институции за ревизија (ДЗР) ја имаат во буџетскиот процес и степенот до кој тие обезбедуваат надзор; секоја земја се оценува на скала од 0 до 100 врз основа на 18 еднакво пондерирани индикатори. Покрај тоа, истражувањето собира дополнителни информации за независни фискални институции (види во прозорецот подолу).

Законодавната власт и врховната ревизорска институција на Северна Македонија, заедно, обезбедуваат ограничен надзор за време на буџетскиот процес, со средна оцена на надзорот 54 (од 100). Разгледувано индивидуално, обемот на надзорот на секоја институција е прикажан подолу:

Надзор на законодавната власт

0
47
100
ограничен

Надзор на ревизорската институција

0
67
100
соодветен
Key
0-40: неколку
41-60: адекватен
61-100: адекватен

Препораки

Собранието обезбедува ограничен надзор во текот на фазата на планирање на буџетскиот циклус и слаб надзор во текот на фазата на спроведување. За подобрување на надзорот, треба да се даде приоритет на следниве активности:

Законодавниот дом треба да расправа за буџетска политика пред да се достави Предлог буџетот и да одобри препораки за претстојниот буџет.
Предлогот Буџетот треба да се достави до законодавецот најмалку два
месеци пред почетокот на буџетската година.
Комисијата за буџет треба да го испитува спроведувањето на буџетот
во текот на годината и јавно да ги објавуваат извештаи со нивните наоди.
Во пракса, да се обезбеди осигурување дека законодавниот дом е
консултиран пред извршната власт да потроши било какви неочекувани
приходи.
Комисија во законодавниот дом треба да ги разгледува ревизорските извештаи и јавно да објави извештај со свои наоди од тоа разгледување.

За зајакнување на независноста и подобрување на надзорот од страна на Државниот завод за ревизија, се препорачуваат следниве активности:

Ревизорските процеси да бидат разгледани од независна агенција.

Новите практики за воспоставување независни фискални институции

Новите практики за воспоставување независни фискални институции Македонија нема независна фискална институција. Таков тип на институции се повеќе се препознаваат како вредни независни и непартиски даватели на информации до извршната и законодавната власт за време на буџетскиот процес.

* Овие индикатори *не* се оценуваат во Анкетата за отворен буџет

Методологија

Само објавените документи, настани и активности кои се објавени и одржани до 31 декември 2022 година се оценувани во OBS 2023.
Истражувањето се заснова на прашалник пополнет во секоја земја од независен експерт за буџет:
Марјан Николов
Центар за економски анализи (ЦЕА)
[email protected]; http://www.cea.org.mk
За понатамошно зајакнување на квалитетот на истражувањето, нацрт-прашалникот на секоја земја се разгледува и од анонимен независен експерт, а во Северна Македонија и од претставник на Министерството за финансии.
Past reports
Years
Language
Резиме за земјата EN
PDF, en
Прашалник EN
PDF, en
Резиме за земјата MK
PDF, mk
Резиме за земјата EN
PDF, en
Прашалник EN
PDF, en
Резиме за земјата MK
PDF, mk
Прашалник EN
PDF, EN
Резиме за земјата EN
PDF, EN
Резиме за земјата EN
PDF, EN
Прашалник EN
PDF, EN
Резиме за земјата EN
PDF, EN
Резиме за земјата EN
PDF, EN
Резиме за земјата EN
PDF, EN
Прашалник EN
PDF, EN
Прашалник EN
PDF, EN
Резиме за земјата EN
PDF, EN
Прашалник EN
PDF, EN
Резиме за земјата EN
PDF, EN